Заштеда на струја до 15%, ако компаниите се енергетски ефикасни

Bez autora
Apr 08 2014

Заштеда на потрошувачката на електрична енергија од 10% до 15% ќе имаат компаниите доколку го имплементираат проектот за индустриски менаџмент на УСАИД. Проектот покрива 50 проценти од трошоците, со износ до 20.000 долари по компанија, а со него предвидено е да бидат опфатени 17 компании. Како што велат од УСАИД, со воведувањето системи за мониторинг и управување на потрошувачката на струја, осум домашни компании, каде тој веќе се имплементира, очекуваат покрај заштедите да реализираат пониски цени на производите и со тоа значително да ја подобрат конкурентноста. Овие системи ќе им помогнат на компаниите да можат подобро да планираат, да балансираат и да имаат увид во реално време на потрошувачката на електрична енергија и на тој начин позитивно и профитабилно да ги решаваат состојбите, како и да склучат поповолни договори за набавка на електрична енергија од трговците или снабдувачите.

Заштеда на струја до 15%, ако компаниите се енергетски ефикасниЗаштеда на потрошувачката на електрична енергија од 10% до 15% ќе имаат компаниите доколку го имплементираат проектот за индустриски менаџмент на УСАИД. Проектот покрива 50 проценти од трошоците, со износ до 20.000 долари по компанија, а со него предвидено е да бидат опфатени 17 компании.

Како што велат од УСАИД, со воведувањето системи за мониторинг и управување на потрошувачката на струја, осум домашни компании, каде тој веќе се имплементира, очекуваат покрај заштедите да реализираат пониски цени на производите и со тоа значително да ја подобрат конкурентноста.

- Овие системи ќе им помогнат на компаниите да можат подобро да планираат, да балансираат и да имаат увид во реално време на потрошувачката на електрична енергија и на тој начин позитивно и профитабилно да ги решаваат состојбите, како и да склучат поповолни договори за набавка на електрична енергија од трговците или снабдувачите. Тоа се однесува за тие што се веќе на слободниот пазар на електрична енергија и за сите останати што од 1 јануари 2015 ќе станат дел од слободниот пазар - вели Драган Блажев, директор на проектот и експерт за енергетска ефикасност.

Според него, со овие активности се зголемува свеста од потребата од конкретни мерки за подобрување на енергетската ефикасност во компаниите.

- На тој начин се придонесува за поефикасно и попрофитабилно работење на компаниите особено оние што се насочени не само на домашниот, туку и на странскиот пазар каде се соочуваат со конкуренција со компании кои имаат воведено вакви системи и им помагаат да ги намалат трошоците за струја, како дел од вкупните трошоци, потенцира Блажев.

Тој очекува проектот да биде мотив и останатите индустриски компании да се заложат за намалување на потрошувачката на енергија, што за нив значи намалување на трошоците на работењето, помала цена на производите и поголема конкурентност на пазарот.

Една од компаниите, која е дел од проектот Здравје Радово", велат дека главна цел им е зголемување на конкурентноста и заштеда на струја во производствениот процес. Според нив овој систем ќе им биде неопходен и од аспект на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, бидејќи како балансно одговорна страна сами треба да нарачуваат електрична енергија од слободниот пазар.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik